Иранската револуционерна гарда одржува воена вежба и покрај тензиите со меѓународната заедница

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

 Иранската Рволуционерна гарда денеска организираше голема воена вежба на југот на земјата во услови на зголемени тензии поради нуклеарната програма на Техеран, јави државната телевизија, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Во петдневната вежба учествуваат воздушната дивизија, копнените трупи и поморските сили, се вели во извештајот. Поморските сили се подготвени за маневри во стратешкиот Ормуски Теснец, преку кој поминува речиси 20 отсто од светскиот транспорт на нафта.

Воената вежба се одржува неколку дена откако разговорите во Виена за спас на иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2015 година беа суспендирани поради пауза за да му се овозможи на иранскиот преговарач да се врати на консултации по тензиите поради новите барања од Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот