Иранскиот министер за надворешни работи: Комуницираме со Америка, никогаш не сме се повлекле од преговори
Комуникацискиот канал меѓу нашиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и специјалниот пратеник на САД (Стив Виткоф) е отворен и пораки се разменуваат кога тоа е потребно, изјави во понеделникот портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.
Иран соопшти во понеделникот дека ги одржува отворени комуникациските канали со САД, додека претседателот Доналд Трамп ги разгледува можните одговори на масовните протести низ земјата кои претставуваат еден од најсериозните предизвици за верското владеење од Исламската револуција во 1979 година, објави „Ројтерс“.
Препорачано
– Комуникацискиот канал меѓу нашиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и специјалниот пратеник на САД (Стив Виткоф) е отворен и пораки се разменуваат кога тоа е потребно – изјави во понеделникот портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.
Тој додаде дека контактите продолжуваат и преку традиционалниот посредник – Швајцарија.
– Тие (САД) допреа до одредени прашања, беа изнесени идеи и, воопшто, Исламската Република е земја што никогаш не ја напуштила преговарачката маса – рече Багаеи, но додаде дека „контрадикторните пораки“ од Вашингтон покажуваат недостиг од сериозност и не се убедливи.
Аракчи, на брифинг со странски амбасадори во Техеран, повтори дека Исламската Република е подготвена за војна, но и отворена за дијалог.
Амбасадорите на Велика Британија, Италија, Германија и Франција во Техеран биле повикани во Министерството за надворешни работи, јави полуофицијалната агенција „Тасним“, и од нив било побарано до своите влади да ја пренесат пораката на Техеран да ја повлечат поддршката за протестите.
Иран: Само нека нè нападнат Американците и Израел, па ќе им се одмаздиме
„Водиме четири војни против Америка и против Израел“
Иран смета дека секоја политичка или медиумска поддршка за протестите претставува „неприфатливо мешање во внатрешната безбедност на земјата“.
Обраќајќи се пред голем собир на плоштадот Енгелаб во Техеран во понеделникот, претседателот на парламентот Мохамад Бакер Калибаф изјави дека Иранците водат војна на четири фронта – „економска војна, психолошка војна, воена војна против САД и Израел, и денес војна против тероризмот“.
Аракчи изјави во понеделникот дека од почетокот на протестите биле запалени 53 џамии и 180 амбулантни возила, додавајќи дека „ниеден Иранец не би нападнал џамија“.
Снимки од надзорни камери од внатрешноста на џамијата Абузар во Техеран прикажуваат десетина луѓе, повеќето со маски на лицето, како ја демолираат зградата, фрлаат книги на подот и уништуваат мебел минатата недела.
„Ројтерс“ ги потврди временската ознака и локацијата. Државните медиуми објавија дека џамијата била запалена на 9 јануари.
Трамп во неделата изјави дека САД можат да се сретнат со ирански претставници и дека е во контакт со иранската опозиција, истовремено зголемувајќи го притисокот врз иранското раководство, вклучително и со закани за можна воена акција поради смртоносното насилство врз демонстрантите.
Американската организација за човекови права (ХРАНА) соопшти дека има потврдено смрт на 544 луѓе – 496 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили – како и апсење на 10.681 човек од почетокот на протестите на 28 декември, кои се проширија низ целата земја.
„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди овие бројки. Протокот на информации од Исламската Република е значително отежнат поради интернет-блокадата што е во сила од четвртокот.
ВИДЕО | Контрапротести во Иран: Смрт за Америка, смрт за Израел
Нема индиции за поделби во шиитското раководство
Иран се соочува со масовни и жестоки протести кои од почетни реакции на влошената економска состојба прераснаа во отворени повици за уривање на долгогодишниот верски естаблишмент. И покрај обемот на демонстрациите и тешките сцени што се појавија во јавноста, засега нема индиции за поделби во шиитското верско раководство, армијата или во безбедносните структури, додека опозицијата останува расцепкана и без јасно централно водство.
Иранските власти не објавија официјален број на жртви, а одговорноста за крвопролевањето ја префрлаат на странско мешање, додека државните медиуми се фокусираат на загубите меѓу припадниците на безбедносните сили.
Во меѓувреме, тензиите дополнително се зголемија по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека е можна средба со ирански претставници, но и дека САД ги разгледуваат сите опции, вклучително и воени удари, санкции и сајбер мерки.
Иранското раководство возврати со остри предупредувања дека секој напад би бил сметан за чин на војна, додека министерот за надворешни работи Абас Аракчи тврди дека состојбата е под контрола и дека протестите се поттикнати од надворешни фактори. Тој најави и постепено враќање на интернет-услугите, во координација со безбедносните служби.
Калас: ЕУ е подготвена да воведе нови санкции врз Иран поради „варварска репресија“ на протестите


