Каја Калас, Комесар за надворешна политика на ЕУ/Фото; EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Калас: ЕУ е подготвена да воведе нови санкции врз Иран поради „варварска репресија“ на протестите

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е подготвена да предложи нови санкции врз Иран како одговор на она што го опиша како брутално задушување на протестите во земјата.

„ЕУ веќе воведе сеопфатни санкции врз Иран – врз оние кои се одговорни за кршење на човековите права, активности за ширење на нуклеарно оружје и поддршката на Техеран за војната на Русија во Украина“, изјави Калас за германскиот весник „Ди Велт“, кој ги објави нејзините забелешки во неделата.

„Подготвена сум да предложам дополнителни санкции како одговор на бруталното задушување на демонстрантите од страна на режимот“, додаде таа.

Според информациите од германската агенција, првично се очекува да бидат предложени казнени мерки против оние кои се одговорни за насилството врз демонстрантите, вклучително и министрите. Санкциите би можеле да вклучуваат ограничувања за патување и замрзнување на сите средства под јурисдикција на ЕУ.

Според потпретседателката на Комисијата и висока претставничка на ЕУ, Иранците ризикуваат сè за да се слушне нивниот глас, а режимот има долга и тешка историја на задушување на протестите, при што безбедносните сили на земјата повторно реагираат брутално.

Иран: Само нека нè нападнат Американците и Израел, па ќе им се одмаздиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот