Иран сака постојана наплата за премин низ Ормускиот Теснец, разговара со Оман

Иран разговара со Оман за воспоставување постојан систем за наплата на премин низ Ормускиот Теснец, со што Техеран би ја институционализирал својата контрола врз поморскиот сообраќај во еден од најважните енергетски коридори во светот, објави „Блумберг“.

Иранскиот амбасадор во Франција, Мохамад Амин Неџад, изјави во Париз дека двете земји мора да ги мобилизираат сите ресурси за да обезбедат безбедносни услуги и подобро управување со пловидбата. Владата на Оман засега не дала одговор на ваквите тврдења.

Иран одбива повторно да го отвори Ормускиот Теснец додека САД не се согласат да ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа.

Амин Неџад тврди дека падот на поморскиот сообраќај е последица на високите трошоци за осигурување, но бродските компании велат дека главниот проблем е ризикот од ракетни и дронски напади, како и опасноста од мини. Повеќето компании не сакаат да испраќаат бродови низ теснецот додека трае војната.

Иран сака да ја прошири контролата врз Ормускиот Теснец — планира да влезе во териториите на Оман и на Емиратите

Иран и САД од 8 април имаат договорен прекин на огнот и преку Пакистан разменуваат пораки за можен мировен договор, но и двете страни предупредуваат дека конфликтот може повторно да продолжи.

Нестабилноста околу Ормускиот Теснец веќе ги зголеми цените на нафтата и ги вознемири пазарите, бидејќи продолжена блокада би ја продлабочила енергетската криза и инфлацијата.

Во исто време, глобалната економија забавува, а компаниите се соочуваат со повисоки трошоци.

Трамп и Нетанјаху имале напнат разговор за Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот