илустрација / фото: /Pexels

Иран 53 дена е без интернет

Речиси целосното исклучување на интернетот во Иран трае веќе 53 дена, според NetBlocks, организација која го следи пристапот до интернет и дигиталните права низ целиот свет, јавува Н1.

Според податоците, ограничувањата биле воведени по обновувањето на антивладини протести на почетокот на јануари, а дополнително биле заострени по почетокот на воените тензии меѓу САД, Израел и Иран кон крајот на февруари.

Прекинот на интернетот има сериозни последици врз секојдневниот живот и економијата, при што се отежнати работата на компаниите, комуникацијата и функционирањето на бројни услуги низ земјата, пренесуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот