Ирачкиот премиер го прогласи 6 март за национален Ден на толеранцијата и коегзистенцијата

фото миа

Премиерот на Ирак, Мустафа ал Кадими го прогласи 6 март за Ден на национална толеранција и коегзистенција. Одлуката уследи по средбата на папата Франциск со верскиот лидер на шиитските муслимани, ајатолахот Али ал Систани.

Ал Кадими на Твитер објави дека го слави разговорот на двата верски лидери и посета на папата на древниот ирачки град Ур. Тој потенцира дека двата настани се историски.

Првпат во историјата имаа средба поглавар на Католичката црква со ајатолах на шиитските муслимани.

На вториот ден од посетата на папата Франциск на Ирак, тој се сретна со ајатлахот Систани во муслиманскиот свет град Наџаф. По 55-минутната средба со Систани, папата Франциск се упати кон урнатините на античкиот град Ур, што се смета за роден град на Абрахам.

Предвидено е папата да се врати во Багдад, каде што денеска треба да ја води мисата во катедралата „Свети Јосиф”.

Систани е една од најважните фигури во шиитскиот ислам. Овој 90-годишник ретко одржува состаноци и одбива да разговара со ирачки актуелни и поранешни премиери. Систани се согласи да се сретне со папата, но без присуство на ирачки официјални лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот