ИОТА и ЕнерџиКнип ја унапредуваат заштедата на енергија во Холандија
Организацијата ИОТА, третата генерација на блокчејн, после Биткоин и Етереум, со седиште во Берлин, Германија, објави на својот блог дека холандската компанија БлокчејнЛаб Дренте разви реална адаптација од голем формат на блокчејнот на ИОТА.
ЕнерџиКнип е апликација креирана од страна на БлокчејнЛаб Дренте и претставува локална токен валута што се користи за трансфер на податоци за мерки за заштита на околината во локалните домаќинства, со која сопствениците ќе бидат наградени.
Токени во борба против климатската криза
Дали локална токен валута може да помогне во справување со климатската криза? БлокчејнЛаб Дренте се решени тоа да го дознаат преку ЕнерџиКнип апликацијата, која е направена за холандската општина Емен, користејќи ја ИОТА технологијата.
Лансирана пред еден месец и за период од четири недели дистрибуирана во 48,575 домаќинства, ЕнерџиКнип е првата локална токен валута која ја користи ИОТА технологијата и е клучен пример за потенцијалот на истата.
Што е ЕнерџиКнип?
ЕнерџиКнип им се доделува на граѓаните на општината Емен во форма на дигитални токени со одредена парична противвредност, како награда за споделување на податоци за тоа какви мерки за заштеда на енергија користат во своите домаќинства. Тие можат наградата да ја искористат за купување на енергетско ефикасни апарати во локалните специјализирани подавници.
Целта на БлокчејнЛаб Дренте е да се едуцираат граѓаните за енергетските проблеми, да се зголеми потрошувачката на енергетско ефикасни и штедливи апарати, да се стимулира инсталирање на овие апарати со цел да се намали потрошувачката на енергија и да се добијат статистички податоци во врска со користење на енергијата на национално ниво.
ИОТА ги намалува трошоците и ги олеснува трансакциите
БлокчејнЛаб Дренте влезе во партнерство со ИОТА како основа за развој на оваа токен валута затоа што ИОТА ги намалува административните трошоци за креирање на локална валута, спречува измами благодарение на транспарентната структура и ги олеснува трансакциите.
Адри Вишман, еден од основачите на БлокчејнЛаб Дренте изјави:
„ Работиме на одржлив проект со блокчејн. Користење на протокол со огромна потрошувачка на енергија би било контрапродуктивно и крајно неетички. Енергетската ефикасност, брзината и фактот дека е бесплатна, ја направија ИОТА наш прв избор за борба против овој предизвик. Ова е одлична шанса да им се покаже на луѓето, спотивно на претпоставките дека блокчејн е скап, спор и со огромна потрошувачка на енергија, какви алтернативи постојат за работа.“
Како функционира?
Граѓаните на општината Емен одговараат на прашања поврзани со нивните навики и мерки за штедење на енергијата во нивните домаќинства преку дадена апликација и за возврат добиваат ЕнерџиКнип коини, односно поени за секоја информација што ќе ја споделат преку апликацијата и ќе ја испратат до општината Емен.
Поените, односно коините легнуваат во виртуелен паричник и може да се искористат за купување на енергетско ефикасни апарати во локалните специјализирани продавници, помеќу останатото фолии за радијатори, лед штедливи сиајлици, термостати и сл.
Преземено од IOTA and EnergieKnip drive energy efficiency in the Netherlands