Интервју Мери Акиевска: Ја имав поддршката и за возврат се вратив со четири светски златни титули

Мери Акиевска четири пати „златна“ на Светското првенство во бодибилндинг и фитнес/Фото: instagram.com/meri_ifbbwellness_akievska

– Во бодибилдингот посебно голема улога во формата врши самата психа најпрвин психички треба да бидеме подготвени, па потоа физички да се активираме – вели Акиевска.

Ретко некој спортист може да се пофали со четири светски титули за толкав краток период, Мери Акиевска на најдобар можен начин ја претставуваше Македонија на 75. Светско првенство во бодибилдинг и фитнес за мажи, жени, јуниори и сениори во Санта Сузана, Шпанија.

Акиевска е член на „Магнус Фитнес“ клубот од Скопје, таа се закити со златен медал во својата категорија до 163 см висина кај јуниорите и сениорите, а исто така беше и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионите од другите висински категории. Значи, светски јуниорски велнес шампион и апсолутен шампион во јуниори и светски сениорски велнес шампион и апсолутен шампион во сениори.

Четири медали на СП во Шпанија, исто толку пати се интонираше химната на нашата земја, пренесете ги емоциите од овој настан, што значи овој момент за вас и за Македонија?

– Емоциите се неописливи тоа само може да се доживее на самата сцена вклучувајки го звукот на Македонската химна која ја крева возбудата и тогаш знаеш што си постигнал сè.

Која е вашата најголема поддршка на патот кон успесите, кои исто така имаат заслуга за макотрпната работа и труд?

– Најголемата подршка на патот до успесите тоа е мојата мајка и сите освоени титули се за мојата мајка. Исто така и мојот тренер Бобан Ѓороски бидејки тој од мене направи голем шампион со сите освоени титули што не знаеме за друго место освен секогаш да бидеме на врвот со злато.

Што е најважно за бодибилдингот, физичката кондиција или психичката сила?

– Во бодибилдингот посебно голема улога во формата врши самата психа најпрвин психички треба да бидеме подготвени, па потоа физички да се активираме.

Со оглед на тоа што ја претставувате Македонија на најдобар можен начин, дали се има адекватна поддршка од страна на државата и институциите?

– Поддршка за овој последен настан за годинава на светско ниво премногу сум благодарна на Љупчо Николовски бидејки тој е причината да ми се оствари сонот и да застанам на светската сцена, Агенцијата за млади и спорт, директорот Наумче Мојсовски, исто така благодарност за неговата поддршка. Оваа година од страна на државата ја имав подршката и премногу сум благодарна, затоа за возврат од Светскиот настан се вратив со 4 златни титули.

Дали е тешко за човек да се откаже од сите оние обични нешта кои не одат со врвниот спорт, еве на пример да ја земеме исхраната?

– Реално тешко е одрекувањето од многу навики во секојдневието, но кога е во прашање љубов кон тоа што го сакаш да го достигнеш тука нема тешкотии туку сакаш и вложуваш.

Кога зборуваме за фитнесот, кој е најлесниот пат до формирање на правилна конституција на телото?

– Најлесен пат до формирање на конституција нема ништо лесно и едноставно едноставно ако сакаш промена да направиш и побргу до трансформација на форма мора да се одречеш од секојдневието и да посветиш внимание на посаканата цел ..

Што би им порачале на помладите кои сакаат бодибилдингот и фитнесот да бидат дел од нивниот живот, како нивна професија?

– Им препорачувам на младината да вложуваат во себе и во нивното здравје бидејки нивното тело е единствено живеалиште во кое се наоѓаат и мораат да опстануваат најпрвин здравје, па потоа изглед.

Ретко некој спортист може да се пофали со успех каков имаше Мери Акиевска на СП во Санта Сузана, Шпанија/Фото: @andrew.berezin
„Кога е во прашање љубов кон тоа што го сакаш да го достигнеш тука нема тешкотии туку сакаш и вложуваш“/Фото: @andrew.berezin

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот