Фото: Принтскрин

Интерпол со кампања за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами

Интерпол почна со нова кампања за зголемување на свесноста од растечките закани од кибер или финансиски измами на луѓе, организации или институции.

Kампањата на Интерпол насловена „Помисли двапати“ (Think Twice) во која целосно се вклучува и Министерството за внатрешни работи, вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми растечки онлајн закани: „ransomware“ напади, „malware“ напади, „phishing“, генеративни ВИ измами и романтичарски измами.

Овие софистицирани измами се во голем подем изминатите години, од кои поконкретно „ransomaware“ нападите се со пораст од 70%, а „malware“ нападите над 30% само минатата година, со што повеќе од 20% од вработените воопшто и не знаат дека најверојатно на својот компјутер имаат некаков вид на „malware“ софтвер.

Со „phishing“ нападите кои постојано еволуираат и стануваат потешки за детектирање, криминалците исто така ја искористуваат технологијата за своја добивка. Пример, користат генеративна вештачка интелигенција (AI) да креираат ултра реалистични човечки карактери, притоа измамувајќи илјадници луѓе ширум светот преку манипулација на глас, слика и звук.

Рoмантичарските измами се исто така во подем, каде што киберкриминалците користат лажни онлајн профили за да создаваат врски и доверба, пред да побараат пари од жртвата.

Како што велат од Интерпол, „Помисли двапати“ повикува на будност во дигиталниот свет, нагласувајќи ја важноста да се застане, да се погледне двапати, промовирајќи го значењето на носење мудри одлуки и зголемување на свесноста за кибербезбедноста во секојдневниот живот

„Како што дигиталниот свет во којшто живееме продолжува да еволуира, гледаме дека онлајн измамите растат во нивото на својата софистицираност, со што стануваат големи закани за луѓето, организациите и институциите ширум светот. Кибербезбедноста е заедничка одговорност и преку проактивни чекори, можеме да придонесеме кон градење на побезбеден, посигурен дигитален свет за сите“, потенцира генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Валдеси Уркиза.

Двонеделната кампања за зголемување на свесноста од онлајн измами е планирана да оди на социјалните медиуми.

Кампањата ќе ги поттикне луѓето да користат лична (in-person) верификација и да ја проверуваат својата дигитална интеракција, посебно кога ќе наидат на сомнителни линкови или информации.
Целта е корисниците да почнат да прават информирани и внимателни онлајн чекори, со тоа намалувајќи ги ризиците поврзани со заканите како „phishing“, „malware“ и онлајн измами.

Чекори кои го намалуваат ризикот се:
Правење на внимателни и рационални избори, посебно при справување со несакани, непознати или сомнителни линкови, е-мејл пораки или пораки.
Паузирање за да се евалуира автентичноста и кредибилноста на дигиталната содржина, пред да се преземе акција.
Да се проверат идентитетите преку повеќе канали или да се биде внимателен на сите барања, дури и од „познати“ лица.
Имплементација на култура на кибербезбедност на работното место и овозможување на знаења на овие теми за сите вработени.
Внимателност при формирање на онлајн пријателства и врски, посебно кога се споменуваат пари.
Да се биде постојано информиран на постојаното унапредување на тактиките на киберфинансиските криминали кои ја прават нивната детекција многу потешка.

@Ransomware нападите се во пораст со запрепастувачки просек од 70% во 2023 година.

Сепак овие напади иако зголемени во бројност се намалени во волумен со намалена вредност за 20% во 2024 година.

Затоа „Помисли двапати“ (#ThinkTwice) и приоретизирај ја својата кибербезбедност, информирај се и обезбеди редовни тренинзи за сите вработени со пристап до компаниските или институционални компјутерски системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот