Интер ќе го награди Инзаги со нов договор и поголема плата
Италијански Интер според последните најави сака да ја продолжи соработката со својот тренер Филипо Инзаги кој оваа сезона со успех го води тимот.
Препорачано
Како што откриваат италијанските медиуми, раководството на Интер му понудило на Инзаги продолжување на договорот до летото 2027 година, со зголемена плата од 7 до 7,5 милиони евра годишно.
Инаку, актуелниот договор на Инзаги истекува во 2026 година, но се верува дека новиот договор е веќе готова работа и дека официјалното потпишување е само прашање на време.
Инзаги го презеде кормилото на Интер во 2021 година, откако ја напушти клупата на Лацио, и од тогаш направи сериозен напредок со тимот од „Џузепе Меаца“.
Под негово водство, Интер стана шампион на Италија во 2024 година, двапати го освои Купот на Италија, трипати го подигна Суперкупот, а во 2023 година стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде загуби од Манчестер Сити.
Во тековната сезона, Интер се бори за трофеи и во Серија А и во Лигата на шампионите. Сепак, патот не е лесен, Наполи моментално има три бода повеќе во првенството, а во Лигата на шампионите, Интер ќе мора да ја совлада Барселона во реваншот, откако првиот натпревар заврши без победник 3-3.


