Интер без Лаутаро Мартинез против Барса во полуфиналето на ЛШ?!
Италијанскиот фудбалски клуб Интер ќе биде сериозно ослабен во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, бидејќи поради повреда нема да може да смета на својот најдобар играч Лаутаро Мартинез.
Препорачано
– Лаутаро Мартинез беше подложен на разни клинички и инструментални прегледи. Утврдено е дека аргентинскиот напаѓач има истегнат флексорен мускул на левиот бут. Неговата состојба ќе продолжи да ја следат лекарите – објави клубот.
Според она што го објавија италијанските медиуми, закрепнувањето од ваков вид повреда обично трае седум дена, па затоа е малку веројатно дека Аргентинецот ќе се врати за следниот натпревар против Барселона, кој се игра во вторник во Милано.
Првата средба во Барселона заврши со резултат 3:3. Во најдобар случај за Интер, Лаутаро ќе биде на клупата против Каталонците.
Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, не изгледаше оптимист во врска со шансите на Лаутаро Мартинез да се опорави пред натпреварот против Барселона.
– Чувствуваше болка, но одигра осум натпревари по ред. За жал, имавме мал проблем, бидејќи го немав Тирам, додека Тареми исто така се опоравуваше од повреда. Кога ќе почнете осум натпревари по ред, постои ризик од повреда. Се надевам дека не е ништо сериозно, но имам неколку сомнежи – рече Инѕаги.


