Институтот за вирологија: Коронавирусот може да се шири и преку дигестивниот систем

Според кинеските медиуми, научниците дошле до тоа откритие откако проучувале ректални брисеви на пациенти.

Новиот коронавирус може да се пренесе од едно на друго лице и преку дигестивниот систем, заклучија научниците од болницата „Ренминби” од Универзитетот во Вухан и Институтот за вирологија.

Според кинеските медиуми, научниците дошле до тоа откритие откако проучувале ректални брисеви на пациенти.

Како што се наведува, пациентите заразени со коронавирус кои ги анализирале имале само дијареја, а не и класични симптоми како висока температура.

Се претпоставува дека дијарејата го овозможува фекално-оралниот пат за пренесување на вирусот, особено ако не постои соодветна санитарна инфраструктура и хигиенски навики, како темелно миење на рацете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот