Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Иницијатива на Центар за измена на Законот: Градежното земјиште да се дооформува со 70 отсто сопственост

На последната седница Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата поднесена од градоначалникот Горан Герасимовски за измена и дополнување на постоечкиот Закон за градежно земјиште.

Со Законот е предвидено лицето кое има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела, градежното земјиште во државна сопственост да може да го отуѓи со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација. Исто така, законот предвидува градежното државно земјиште да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Ова се однесува и за градежното земјиште под објектот.

Општина Центар смета дека со постоечкото законско решение, државното земјиштето не е во целост заштитен, односно дека е расцепкано поради што не може да биде предмет за реализација на капитален проект или друг објект од јавен интерес.

Со иницијативата се предложува соодносот за оформување на градежна парцела да се смени и наместо сегашните 30 отсто од градежната парцела кои лицето подносител ги има во сопственост, да се изменат во 70 отсто, односно можност за откуп на градежна парцела да имаат само оние лица кои ќе поседуваат сопственост од минимум 70 отсто од градежната парцела – информираат од Општина Центар.

Оттаму додаваат дека овој чекор се прави затоа што со важечкото законско решение се овозможува сопствениците на објекти со мала површина да можат да ја откупат и целата градежна парцела, иако не го исполнуваат пропишаниот законски процент од 30 отсто за сопственост на парцелата.

По изгласувањето на иницијативата, Општина Центар овој предлог ќе го достави до ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, каде ќе биде разгледана и ќе се постапува по неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот