ИНФОГРАФИК: Жените во европската политика

Политичарки/ Фото Janine Schmitz / AFP / Profimedia

Откако Велика Британија ја доби новата премиерка Лиз Трас, а многумина ја сметаат Италијанката Џорџија Мелони за фаворит на престојните избори, интересно е да се види колку жени се всушност вклучени во европската политика. Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, веќе споменатата британска премиерка Трас, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, финската премиерка Сана Марин, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, и уште неколку други се меѓу најпознатите жени кои се поставени на високи функции во најмоќните европски земји и институции.

Според податоците на Интерпарламентарна унија (ИПУ), европскиот просек за уделот на жените во националните парламенти на секоја земја достигна 31,3 отсто во август оваа година.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Исланд е земја со најголем процент на жени во неговиот парламент, односно со 47,6 отсто. Најмало учество на жените во парламентот има Унгарија со 14,1 отсто.

Нордиските земји исто така имаат висок процент на учество (44,7 проценти), а зад нив е Шпанија, со 43 проценти.

ИПУ овие податоци ги постави во четири региони (Нордиските земји, Западна Европа, Јужна Европа и Централно-источна Европа) па така Северна Македонија спаѓа во оние од централно-источна Европа, каде според тие статистики, бројот на жени во парламентите на овие земји 25,1 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот