ИНФОГРАФИК: Колку и какви кредити имаат граѓаните во банките?

Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

На крајот од јули годинава, вкупниот износ на кредити изнесувал околу 7 милијарди евра.

„Анализирано на годишна основа, растот изнесува 5,8 проценти под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на сектор „домаќинства“ , извести Народната банка.

Така, корпоративниот сектор во банкарскиот бил задолжен со речиси 3,4 милијарди евра на крајот од јули што е за 5 проценти повеќе отколку во ланскиот јули кога фирмите биле задолжени со 3,2 милијарди евра. Домаќинствата, пак, во јули годинава имале кредити во висина од 3,6 милијарди евра, или 6,4 проценти повеќе отколку во јули 2022 година кога имале вкупни кредити од 3,4 милијарди евра.

По структура на кредити и понатаму има раст на потрошувачките кредити, на годишно ниво се зголемиле за 6,2 проценти, станбените кредити имаат годишен раст од 11 проценти, а автомобилските кредити за 14,8 проценти. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалиле за 1,6 проценти на годишно ниво, а намалување има и кај негативни салда на тековни сметки, најчесто препознаени како „плата во минус“ каде што има намалување од 2,8 проценти за една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот