Инфо караванот на ИПАРД во Неготино и Кавадарци

Инфо караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци. Заинтересираните имаа можност да се информираат за Мерката 1, инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Инфо средбите беа организирани според КОВИД-19 протоколот за заштита, на отворен простор, со мерење телесна температура на секој посетител, дезинфекција на рацете и давање заштитна маска.

-Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите за полесно информирање и искористување на Мерката 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата е трети август 2020 година, истакнуваат од ИПАРД караванот.

Во понеделник, 27 јули, инфо деновите продолжуваат во општините Зајас и Осломеј.

Последниот ден ќе биде во општина Конче, на 28 јули.

Мерка 1 ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство. Со овие инвестиции се постигнува јавно здравје, благосостојба на животните и заштита на животната средина а со тоа поквалитетно производство и развиено земјоделско стопанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот