Инфо-денови за ИПАРД програмата

Фото: МИА

Во рамки на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020 неделава ќе се одржат инфо-денови во шест градови, каде заинтересирани ќе можат да се информираат за за постапките и условите за аплицирање за средства од оваа програма.

Денеска инфо денови ќе се одржат во Берово и Пехчево, утре во Дојран и Негорци и задутре во Белчишта и Охрид.

Притоа ќе бидат претставени мерките 7 и 3, со тоа што во фокусот на вниманието ќе биде мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси” имајќи во предвид дека објавениот Јавен повик 01/2019 се однесува на аплицирање по мерката 7.

-Од вкупно предвидените 68 милиони евра што се на располагање преку ИПАРД 2 Програмата, во земјава се искористени 19 милиони евра. Се очекува до крајот на годината да бидат искористени уште 8,7 милиони евра, што се оценува како добар знак и за земјата и за Брисел. Најголем број од апликациите се однесуваат на земјоделските стопанства за набавка на механизација, следуваат барањата за поддршка за преработувачката индустрија за воведување стандарди, нова опрема и технологија, а дел се однесува и на мерката за диверзификација на бизнисот, што овозможува развој на руралните средини – информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за управување со ИПАРД фондови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот