Инфективното одделение во струмичката болница се полни со болни од Ковид-19

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во струмичката болница се лекуваат 39 пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет од нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта.

Според директорката д-р Катерина Кузмановска, секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите.

„Од пациентите кои се на лекување на Инфективното одделение 14 се на кислородна поддршка, а дури 90 отсто од нив се невакцинирани. Кај нив има тешка клиничка слика и за разлика од порано за лекување се јавуваат помлади лица, што за нас е показател дека вирусот сега полесно ги напаѓа нив“ рече директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска.

Додаде дека на Инфективното одделение има уште неколку слободни кревети, а доколку има потреба повторно ќе биде отворена модуларната болница, во која има 34 легла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот