Инфантино гласно размислува за промени во фудбалот: Ограничен број на настапи, на клубови…

фото: EPA-EFE/ANDRES COELHO

УЕФА од идната сезона најави ново натпреварување Лига на конференциите, а од сезоната 2024/25 ќе има и нов формат на Лигата на шампионите, но се чини дека тоа не е се.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во интервју за „Лекип“ најави и други промени кои можат да се случат во блиска иднина. Иако Инфантино неформално зборуваше за промените, тешко е дека човекот кој е претседател на ФИФА зборува во празно.

Најактуелна тема во светот на фудбалот е обидот за формирање на Суперлигата, односно причините за нејзиното формирање. На сите им е јасно дека главниот мотив беа финансиите, односно големата заработка која би ја имале екипите учесниците. Поради тоа Инфантино зборуваше и на таа тема.
– Време е да се прегледаат документите за финансискиот фер-плеј и да се изнајдат подобри формули за иднина. Ајде сериозно да разговараме за ограничување на платите, на трансферите, на заработката на менаџерите….

Првиот човек на ФИФА смета дека треба да се размислува за намалување на бројот на екипи во националните лиги како и воведување плеј-оф.
– Натпреварувањата со помал број учесници и плеј-оф би биле интересни – смета Инфантино кој потоа го даде и најинтересниот предлог на кој сигурно би се работело во иднина.

– Ајде да зборуваме за ограничувањето на бројот на фудбалери во еден клуб како и обврската секој тим да има одреден број играчи кои потекнале од нивната академија. Можеби треба да размислуваме и за ограничување на максимален број на натпревари кои најдобрите фудбалери можат да ги одиграат во една сезона – вели Инфантино чии зборови сигурно ќе прдизвикаат реакции во светот на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот