Индиски полицаец носи коронавирус кацига додека ги запира граѓаните (ВИДЕО)

„Ако излезете, јас ќе влезам!“

Полицаец во Индија користи инвентивен начин за инспирирање на граѓаните да држат меѓусебна оддалеченост, за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот Ковид-19.

Раџеш Бабу, полицаец од Ченаи, носи посебно изработена кацига во облик на коронавирусот додека ги запира возилата и пешаците на контролните точки. Кацигата е покриена со црвени шилци со округли завршетоци, и изгледа како микроскопска слик од новиот сој на коронавирус, јавува Си-Ен-Ен.

Локален уметник познат како Б. Гаутам го смислил дизајнот на кацигата која воочил дека постои недостаток на свест на јавноста за пандемиските и превентивните мерки за вирусот.

– Граѓаните не внимаваат доволно на хигиената – смета Гаутам.

Додадва дека властите во Индија издале наредба да не се излегува надвор, но многумина не ја почитуваат, но и тие кои се надвор шетаат без заштитни маски на лицето.

Уметникот смета дека луѓето не ја доживуваат пандемијата сериозно, бидејќи вирусите се невидливи со „голо око“. Затоа одлучил да направи кацига која на граѓаните би им го предочило доаѓањето на вирусот.

Полицаецот Бабу сега ја носи неговата кацига кога запира луѓе во автомобили или на мотоцикли, а особено кога ќе види луѓе кои не носат маски за лице. Притоа им зборува за важноста за држење на социјална дистанца и носење на заштитна опрема за лице.

– Ако излезете, јас ќе влезам – им порачува полицаецот на незаштитените граѓани, алудирајќи на вирусот.

Во Индија досега има околу 1.000 заразени со коронавирус, а починаа 29 лица. Премиерот Нарендра Моди минатиот вторник им нареди на сите индиски држави да одат во своевиден карантин кој ќе трае најмалку 21 ден. Затворени се сите продавници, фабрики, канцеларии, пазари, верски објекти и градилишта, а запрен е и меѓународниот превоз. Работат само основните здравствени, прехранбени и противпожарни услуги.

Сепак, иако овој полицаец применува креативен начин за да ја подигне свеста околу коронавирусот, деновиве се споделуваат и многу шокатни сведоштва и видеа поради полициската бруталност која се применува на улиците ширум Индија. Една жена тврди дека нејзиниот сопруг бил усмртен од страна на полицијата само поради тоа што бил надвор, додека голем број лица на социјалните медиуми споделуваат дека дури и лицата кои работат како доставувачи на храна или имаат дозвола за излегување, полицијата ги застанува и брутално ги напаѓа.

Склекови, ќотек или и двете: Полициска бруталност „во име на коронавирусот“ го шокираше светот (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот