Полиција / илустрација

Инцидент во Желино – закани наместо средба со градоначалникот

Инцидентот се случил на 2 јануари, откако 35-годишен жител на Стримница не го затекнал градоначалникот во зградата на Општина Желино и почнал да упатува закани кон двајца вработени, по што полицијата поднесе кривична пријава.

Кривична пријава е поднесена против 35-годишен жител на селото Стримница, во Општина Желино, поради заканувачко однесување кон вработени во општинската администрација.

Од СВР Тетово информираат дека инцидентот се случил на 2 јануари, кога лицето се појавило во зградата на Општина Желино со намера да оствари средба со градоначалникот. Откако било информирано дека градоначалникот во тој момент не се наоѓал во објектот, тој почнал да упатува закани кон двајца вработени.

Инцидентот бил пријавен во полиција, по што биле преземени соодветни мерки. По целосно документирање на настанот, против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривично дело загрозување на сигурноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот