Инцидент во Чаир: Насилник му се нафрлил со нож на полицаец, нападнал и уште еден човек

Фото: МИА

Скопјанец, чија возраст полицијата не ја соопштува, е уапсен вчераутро во населбата Чаир, откако нападнал 54-годишен сограѓанин, а со нож му се нафрлил и на полицаец.

„На 02.03.2023 околу 09.30 часот на ул.„Никола Малешевски” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода П.С. од Скопје, затоа што со остар предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Претходно, тој физички го нападнал и М.М.(54) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот