Импланти во мозокот, чипови на черепот: Поврзувањето на луѓето и компјутерите започнува следната година?

мозок
Фото: Pixabay

Поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствениот начин да се одржи чекорот со развојот на вештачката интелигенција, тврди Илон Маск.

Илон Маск повторно проговори за иднината на вештачката интелигенција и за улогата која неговата компанија ја има во создавањето на услови за симбиоза меѓу луѓето и машините. Тој, меѓу останатото, откри и дека стартапот Неуралинк, во чие основање учествуваше, e близу до почетокот на тестирање врз луѓето.

Неуралинк уште во јули 2019 година потврди дека е креиран робот кој имплантите за интеракција со компјутерите може да ги интегрира длабоко во човековиот мозок. Резултатите се добиени врз основа на тестирањата врз лабараториски глувци во чии мозоци биле имплементирани 1.500 елктроди, за кои се уште не може со сигурност да се потврди дека би можеле да функционираат и во човековиот мозок.

Доколку се покаже како функционална, технологијата на прво место, како што тврдат експертите, треба да послужи за враќање на подвижноста, видот, способноста за говорот и слухот кај оние кои ги изгубиле.

Маск, од друга страна, тврди дека поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствениот начин да се одржи чекор со развојот на вештачката интелигенција. Така технологијата која е замислена како лек би можела да послужи и како нешто далеку помоќно. Во тој контекст е најавено дека „тестирањето на човекови примери се очекува за помалку од една година“.

Имплантите кои ќе вградуваат се со големина од околу една четвртина од обемот на човековото влакно, па во мозочното ткиво ќе се интегрираат со помош на игли кои ќе помогнат да се избегне оштетувањето на крвните садови на површината на мозокот. Така вградените сензори би требало да фаќаат сигнали од мозокот, и да ги испраќаат до приемникот – чип кој ќе се вгради на горната површина од черепот, а оттаму информациите ќе се пренесат безжично до наменетиот уред.

Маск истакна дека на одредено ниво веќе сите сме киборзи, бидејќи зависиме од паметните телфони и другите уреди, и дека многумина кога ќе го загубат телефонот чувствуваат како да загубиле дел од телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот