Имале многу среќа: Познати личности кои доживеале блиска средба со смртта

Фото: Profimedia/ Instagram

Можеби се богати и познати, дури и заштитени од многу проблеми, но не се имуни на животот. И ним им се случуваат различни несреќи, во кои можеле да го загубат животот или се борат со тешки болести.

Блиската средба со смртта ги преобразува луѓето и тие почнуваат многу повеќе да ги ценат основните работи во животот. Врските и луѓето им стануваат најважни, а некои покажуваат голема издржливост и се опоравуваат по многу големи несреќи и денес функционираат сосема нормално.

Во продолжение прочитајте ги неверојатните приказни на ѕвездите кои се соочиле со смртта лице в лице.

Емилија Кларк

Фото: Instagram/ emilia_clarke

Британската актерка Емилија Кларк, како многу млада имала сериозен здравствен проблем. Ѕвездата од серијата „Game of Thrones“ претрпе две мозочни аневризми во период од две години. Во 2011 година, Емилија колабирала додека вежбала во теретана, а подоцна и било дијагностицирано субарахноидално крварење. Поминала една недела на интензивна нега и многу брзо закрепнала. Но, во 2013 година, таа доживеа уште една аневризма, поради што беше оперирана и помина еден месец во болница. Подоцна објаснила дека еден дел од мозокот не и е функционален, но дека има среќа што успеала да се опорави и дека лекарите се зачудени што може да оди и да зборува. За да им помогне на луѓето кои ги преживеале истите здравствени проблеми, таа ја основала добротворната организација „SameYou“, која им помага на оние кои се опоравуваат од повреди на мозокот.

Елизабет Тејлор

Фото: Columbia Pictures Corporation / / AFP / Profimedia

Таа беше една од најубавите холивудски актерки на 20 век. Но и таа имала блиска средба со смртта, па дури била прогласена за мртва. Елизабет зборуваше за нејзиното блиско искуство со смртта во интервсју со Опра Винфри во 1992 година, речиси 30 години по тој настан. Во еден момент добила тешко воспаление на белите дробови, а потоа била оперирана. Во еден момент лекарите се бореле за нејзиниот живот и ја прогласиле за мртва. Била мртва пет минути. Откако се освестила, актерката тврдела дека имала вонтелесно искуство, при што го видела својот покоен сопруг Мајк Тод, кој и рекол „Не е твое време и треба да се бориш за да се вратиш“.

Шерон Стоун

Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia

Познатата актерка Шерон Стоун се соочи со големи здравствени проблеми, бидејќи во 2001 година доживеа тежок мозочен удар и имаше само пет проценти шанса да преживее. Поради мозочниот удар, таа морала повторно да научи да оди, не гледала и не слушала добро. Потребни ѝ биле три години да се опорави. Но, тоа не е единствената нејзина блиска средба со смртта, кога била млада ја удрил гром додека ставала вода во пеглата, поради што морала да биде хоспитализирана. Како дете имала уште една голема несреќа, жица за алишта и го пресекла вратот на неколку сантиметри од главната вена.

Леонардо Дикаприо

Фото: Patricia DE MELO MOREIRA / AFP / Profimedia

Леонардо Дикаприо има многу интересна кариера, но и приватен живот, а познат е по љубовта кон адреналинот. Неговиот колега Едвард Нортон му го спасил животот за време на нуркачка експедиција на островите Галапагос, кога откажал резервоарот за кислород на Дикаприо. Нортон забележал и му го поделил кислородот и успеале да стигнат до површината. Самиот актер, потврди дека неколку пати вешто ја избегнувал смртта. Преживеал напад на ајкула и несреќа со падобран, а еднаш бил во авион кој за малку ќе се урнел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот