ФОТО | Имаа бурна љубовна приказна со среќен крај: Оваа убавица е сопругата на Лозано
Бурна љубовна приказна имаа поп-пејачот Влатко Лозаноски и неговата сопруга, Сава Грачанин, која заврши со среќен крај.
Препорачано
Во 2013 година, таа беше втора придружничка на изборот за Мис на Македонија. Во тоа време, пејачот изјави дека е горд на својата девојка и нејзината титула за убавица.
Савка и Лозано беа во врска девет години. Во 2016 година на своите социјални мрежи ја објавија веста за свршувачката, по што пејачот изјави дека во нивниот однос нема да се менуваат многу работи, бидејќи долги години биле во врска, живееле заедно, и прстенот на раката на Сава, која има прекар Савка, не значи промена во нивниот начин на функционирање. Потоа, пејачот изјави дека ја раскинале свршувачката.

Јавноста не знаеше дека по повеќе години, тие повторно решиле да ѝ дадат шанса на љубовта.
Речиси никој не знаеше дека популарниот пејач и неговата убава сопруга очекуваат син, сѐ до октомври во 2024 година, кога Лозано објави дека им се родил Марко, по што следеа многу честитки за приновата.
Она што може да се забележи на новата профилна фотографија на Сава е дека таа изгледа одлично, како во времето кога беше модел. Убавата сопруга на Лозано има споделено и неколку слики од неа со синот, но нема заедничка, семејна.

„Марко ме промени повеќе отколку што можев да замислам. Ми ги сменија приоритетите, ме направи поприсутен во моментот и ми даде поинакво чувство за одговорност и смисла. Кога сум дома, се обидувам тоа време да биде целосно посветено на семејството. Верувам дека квалитетното време, искреното присуство и поддршката се клучни и тоа ми помага и како татко и како уметник“, рече пејачот во неодамнешно интервју за „Слободен печат“.
Влатко Лозаноски стана татко! Пејачот и неговата партнерка добија син


