Има три свои деца и ја згрижи Мила: Бојана Скендеровски со срцепарателна порака за мајка херој
Бојана Скендеровски сподели многу емотивна приказна за неа и за децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, каде што ја доби титулата амбасадор на хуманоста.
Препорачано
„Кога бев мала, мислев дека суперхероите треба да знаат да летаат, да имаат натчовечки моќи, да го спасат светот од злото со еден поглед и да срушат некоја планина со удар на раката. Денес знам дека суперхероите изгледаат човечки, имаат големо срце, топли очи како вистински мајки, сакаат со цело срце и им даваат шанса на оние мали сонциња со кои судбината си поиграла…
Денес бевме заедно со дечињата од „11 Октомври“ и нивниот прекрасен персонал во посета на згрижувачко семејство, каде што ја запознав Даниела — современ суперхерој. Таа има свои три биолошки деца и ја згрижи Мила, која ја сака како свое дете, а Мила не се дели од неа… Дарија ја сака Мила како сестра, заедно учат, пеат, играат… Ајде да создадеме повеќе среќни приказни, станете згрижувач, бидете нечиј суперхерој“, напиша Бојана на Фејсбук.

Поп-пејачката вели дека е среќна што започнува ново поглавје во животот, насочено кон поддршка, грижа и поголема видливост на децата без родителска грижа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


