Има 75 години, а изгледа двојно помлада: Џејн Симор откри како ја негува кожата без брчки
Легендарната Бонд девојка, Џејн Симор, неодамна го прослави својот 75-ти роденден, но многумина велат дека изгледа барем три децении помлада.
Препорачано
Во разговор за списанието „Пипл“, познатата актерка откри како ја негува кожата и како ја одржува енергијата и во осмата деценија од животот, бидејќи сè уште плени со младоликиот изглед.
Симор вели дека конзистентноста е клучот на сè. Секој ден прави пилинг за да ги отстрани мртвите клетки на кожата и да го поттикне природниот сјај на лицето. Навечер става крем со ретинол, која ја стимулира обнова на клетките и ја одржува кожата нежна и затегната.

Сепак, нагласува дека убавината доаѓа однатре.
„Цврсто верувам дека ако се хранам здраво и пијам доволно вода, кожата ми изгледа многу подобро. Јадам многу зеленчук и овошје“, вели актерката.
Џејн Семур не излегува без крем со заштитен фактор. Избегнува директно сонце кога може и често носи капи со широк раб за лицето да ѝ биде во сенка. Таа смета дека токму заштитата од УВ зрачење е пресудна во борбата против прераното стареење.

Иако наполни 75, вели дека се чувствува како да има 40.
„Понекогаш морам да се потсетам колку години имам, затоа се чувствувам како да имам 40, можеби 50. Не знам каде исчезна времето, ама енергијата ми е иста како порано“, признава.


