Илон Маск Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Илон Маск ќе бара старателство над своето 13. дете: „Мајката сака да му го смени полот“

Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови, пренесува „Дејли Мејл“.

Неговата приватност повторно е во центарот на вниманието по овој потег.

Заднина на приказната

Инфлуенсерката Ешли Сент Клер, тајно го родила детето од Маск. „The Wall Street Journal“ наведува дека тестовите на лабораторијата „Labcorp“ покажале дека Илон е татко на бебето со веројатност од 99,99 отсто.

Подоцна, Сент Клер побарала самостојно старателство, наведувајќи во судскиот документ дека Маск го видел синот само три пати и дека не учествувал во неговото воспитување. Таа тврдела и дека Маск не обезбедувал финансиска поддршка ниту за неа, ниту за детето.

Ешли го промени ставот

Ситуацијата се променила откако Сент Клер на Икс ја критикувала својата претходна улога во промоцијата на десничарските ставови, вклучително и трансфобни.

„За ова не зборував многу бидејќи се прашував дали мојот глас воопшто ќе биде корисен, со оглед на тоа дека многумина ќе го протолкуваат како неискрен“, напиша таа. „Овој одговор ќе предизвика десничарска хистерија, но да, жал ми е.“

Реакција на Илон Маск

Нејзините изјави брзо стигнале до Маск, откако еден корисник ги споделил коментарите и ја обвинил дека го изложува синот на „трансродна манипулација“.

„Денес ќе поднесам барање за самостојно старателство, со оглед на нејзините изјави кои сугерираат дека би можела да започне промена на полот кај едногодишното момче“, напиша Маск.

Во објавите на Ешли Сент Клер не се споменува намера нејзиниот син Ромулус да го смени полот. Таа останува активна на Икс, каде продолжува да го критикува Маск и тврди дека ѝ е оневозможен пристап до „X Premium“ претплатата. По оваа објава, Маск не се огласил дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот