Илон Маск донираше милион евра за зачувување на археолошкото наследство на Рим
Американскиот милијардер Илон Маск донираше милион долари (околу милион евра) за зачувување на археолошкото и културното наследство на градот Рим, соопшти денеска неговиот тим. Донацијата е направена по повод 2779-тиот роденден на Рим, а средствата се наменети за поддршка на истражувањата, конзервацијата и реставрацијата на римските историски локалитети, пишува „Вонтед ин Ром“.
Препорачано

Парите ќе бидат насочени кон работата на археолозите, реставраторите, универзитетските тимови и културните институции.
Фокус на дигитална документација
Покрај традиционалната реставрација, дел од средствата ќе се искористат за проекти за дигитална документација, што вклучува современо 3Д скенирање и мапирање на античките споменици.

Од тимот на Маск наведуваат дека неговата вкупна помош за проекти поврзани со античкиот Рим во последните две години изнесува околу четири милиони долари. Ова не е првпат милијардерот да го поддржи вечниот град – минатиот октомври тој донираше милион евра за програмата „Expandere Coscientiae Lumen“, исто така насочена кон заштита на римските археолошки наоѓалишта.



