Илиевски: Почнуваме со нов селектор, нова енергија, очекуваме добри резултати во иднина
Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во македонската кошарка, како координатор на сите национални репрезентативни селекции.
Препорачано
Именувањето на Владо Илиевски претставува силна порака за јасна визија, континуитет и системски развој.
Неговото огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови ќе бидат ставени во функција на унапредување на работата на сите сениорски и младински национални селекции, подобра координација меѓу нив, како и дефинирање на стратешки насоки за нивен долгорочен развој.
– Ја прифатив оваа функција да го предадам моето име, моето искуство што сум го стекнал триесет години на Македонија и заедно со оваа екипа да направиме исчекор и систем, во чија иднина очекуваме млади генерации да ги наследат денешните. Се надевам дека долги години по нас ќе оставиме нешто, систем, начин на работа и позитивна средина која ќе ни даде голем број на добри кошаркари
Благодарност до претседателот Главчев што ми ја даде оваа одговорност и се надевам дека ќе одговорам на овој предизвик. Почнуваме со нов селектор, нова енергија и не очекуваат добри резултати во иднина и секако, нови дечиња, девојчиња, кои ќе ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло – вели Илиевски.
Селекторот Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“


