Илиевски и Костадиновска најдобри на 5км на Зимското национално првенство

фото:фејсбук

Зимското Национално првенство во Далечинско пливање кое се одржа во неделата (8. декември) на Олимпискиот базен Центар во Скопје, учество земаа 17 пливачи од шест клуба и тоа ПК Младост од Скопје, ПК Вардар од Скопје, ПК Центар од Скопје, ПК Скопје од Скопје и ПВК Орион од Скопје, информираат од Националната пливачка федерација.

Во женска конкуренција во категоријата 2,5 километри триумфираше Јована Неделкоска од Пливачкиот клуб Скопје со време 33:18:37.

Кај мажите првопласиран во истата категорија беше Андреј Стојановски, членот на ПК Нептун со резултат 29:51.42.

На пет километри првото место го освои Јана Костадиновска од ПК Младост, а во машка конкуренција Александар Илиевски (ПК Нептун).

Во продолжение погледнете ги официјалните резултати во сите категории:

Жени 2,5 км
1.Неделкоска Јована ПК Скопје 33:18:37 мин.
2.Стојановска Калина ПК Скопје 33:47:39
3.Жунгулова Бела ПК Скопје 34:12:39

Жени 5 км
1.Костадиновска Јана ПК Младост 1:06:46 ч.
2.Божиновска Лина ПК Скопје 1:13:16
3.Стојчевска Калина ПК Младост 1:14:07

Мажи 2,5 км
1.Стојановски Андреј ПК Нептун 29:51:42 мин.
2.Давковски Борјан ПК Нептун 34:15:75
3.Јорданов Давид ПК Скопје 34:16:62

Мажи 5 км
1.Илиевски Александар ПК Нептун 1:01:24 ч.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот