Игуаин е главната „мета“ на Пелегрини – Слободен печат
СпортФудбал

Игуаин е главната „мета“ на Пелегрини

Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин (31) е прв избор на менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини за нов напаѓач, пренесува „Скај Спортс“.

Во пролетта Аргентинецот немаше успешен период како позајмица во Челзи, со само пет гола во 18 натпревари, по што лондонските „сини” одлучија да не го задржат и тој се врати во Јуве.

Потоа, агентот на Игуаин изјави дека неговата желба е да игра до крајот на кариерата за „бјанконерите”, но не е јасно дали тој се наоѓа во плановите на новиот тренер Маурицио Сари. Најновите информации исто така велат дека аргентинскиот офанзивен играч има понуди и од Кина.

Вест Хем претходно се раздели со Марко Арнаутовиќ, кој премина во Шангај СИПГ претходно оваа недела, а пред тоа и со други двајца напаѓачи – Енди Керол и Лукас Перез.

Пелегрини сака да има квалитетно засилување за нападот, а Игуаин е неговиот главен приоритет.

Според медиумите на Островот, „чеканите” имаат уште две летни желби, тие се Себастијан Халер од Ајнтрахт Франкфурт и Саломон Рондон од ВБА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close