Сари прави револуција во Јувентус

Фудбалска Италија сè уште чека Јувентус да го објави името на новиот тренер, медиумите објавуваат дека тоа ќе биде Маурицио Сари кој веќе почнал да ги крои плановите за наредната сезона.

Официјалната презентација на Сари зависи од сопственикот на Челси, Роман Абрамович кој не сака да го пушти Италијанецот без обесштетување и бара од Јувентус пет милиони евра но за оќекување е во наредните недели, двата клуба да најдат решение.

Сепак, Сари веќе ги прави плановите за наредната сезона и според првичните информации Жоан Кансело ќе биде продаден. За него интерес пројавуваат неколку англиски екипи, а најзагреан за неговите услуги е шампионот Манчестер сити.

На лето од Јувентус се очекува да си заминат уште и Марио Манџукиќ, Блез Матиуди и Хуан Квадрадо.
Заминувањето на Манџукиќ, најверојатно во Борусија Дортмунд, се отвора простор за Гонзало Игуаин. Сари исто така во тимот го посакува и Маури Икарди, а на челниците на екипата им рекол дека тинејџерската сензација Моизе Кин ќе добие поголема шанса.

Можно е во Јувентус да се врати и Мехди Бенатиа кој ја напушти „старата дама“ поради носегласувањата со сега веќе екс тренерот Масимилијано Алегри.
Престојот во Челси минатата сезона беше доволен за Сари да се увери во квалитетите на Киран Трипие и да бара од управата по секоја цена да го ангажираат десниот бек на Тотенхем.

На списокот на желби е и Пол Погба од Манчестер јунајтед но Јувентус нема намера да плати 150 милиони евра колку што бара англискиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот