Играа полуфинале во Лигата на шампионите и доминираа во Франција, а сега се на дното во Лига 1
Eкипата на францускиот гигант Лион поминува низ еден од најлошите периоди во својата историја.
Препорачано
Лион минатата сезона го освои седмото место во лигата и така остана без пласман во Европа, сезонава започнаа уште полошо. Имено, гигантот од Франција кој пред нешто повеќе од три години играше полуфинале во Лигата на шампионите во овој момент е најлошиот тим во елитниот европски фудбал.
По седум одиграни кола, Лион има само два бода и се наоѓа на последното место во Франција. Катастрофална им е и гол-разликата, три постигнати и 13 примени голови. Во најсилните пет европски тим нема тим со послаб учинок.
Olympique Lyon this season:
7 matches
5 losses
2 Draws
0 wins
Last on the table ?
What’s going on there? pic.twitter.com/D1bofsJbM8— pope (@PopeJames20) October 1, 2023
Сега им следуваат натпревари против Лориен (16 место) и Клермон кој има исто така два бода, па ова ќе биде шанса конечно да почнат со добри резултати, но како играат сезонава сигурно нема да им биде лесно.
Ако Лион не победи на овие два натпревари, тогаш и дефинитивно ќе најават сезона во која ги чека борба за опстанок во француската Лига 1 што навистина звучи неверојатно.


