Идеите на Венгер, „Професорот“ го менува фудбалот кој го знаеме!?

Се поставува прашањето дали екс менаџерот на Арсенал може да ја подобри најважната споредна работа на светот?

Арсен Венгер е во организацијата на ФИФА, откако се раздели со „топчиите“, еден од водечките луѓе во одделот задолжен за развој на фудбалската игра.

Пред неколку дена, во интервјуто за „Л`Екип“, призна дека му недостасува тренерската функција, минатата година имаше понуда од Лион, но „Професорот“ одлучи да остане во светската куќа на фудбалот.

Французинот предложи неколку промени во фудбалската игра, околу офсајдот, ударите од корнер, слободните удари и изведување на аут.

– Моментно офсајд се суди доколку некој дел од вашето тело со кој можете да постигнете гол пред последниот дефанзивец. Би сакал да го смениме тоа, нема офсајд сè додека еден дел од телото со кој може да се постигне гол е во линија со дефанзивецот. Тоа би било голема предност за напаѓачите, дефанзивците ќе мора да играат доста високо.

Фото: twitter/sport.sky.de

Размислуваме за доста промени, размислуваме на пример при изведување на корнер, топката доколку ја помине гол-аут линијата (што понекогаш се случува), да се продолжи со играта, така би се создале нови шанси за погодок.

Потоа, има и опција и самите брзо да го изведете слободниот удар, а исто така сакаме да го промениме и правилото за аут.

На пет минути пред крајот на натпреварот, аут би требало да биде предност за екипата која напаѓа. Статистичките податоци покажуваат дека осум од 10 такви аут ситуации, ја губите топката. На вашата половина од теренот, би требало да имате можност со нога да изведете аут – рече Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот