Ибраими: Ако сме стигнале на Европско првенство, не треба тука да застанеме!

epa03435469 Macedonia's Agim Ibraimi celebrates a goal against Serbia during the FIFA World Cup 2014 qualifying soccer match between Macedonia and Serbia in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 16 October 2012. EPA/GEORGI LICOVSKI

Агим Ибраими, еден од играчите кој исто така имал значаен придонес во успешните резултати на македонската А репрезентација со големо внимание ќе го следи настапот на нашата сениорска селекција на претстојното Европско првенство.

32-годишниот Ибраими сезонава ја заврши со 15 голови во најсилниот албански шампионат во дресот на Кукс.

Тој гостуваше во „Куќата на фудбалот“ и ги сподели своите размислувања околу неговите очекувања за Македонија на ЕП:

– Во македонската репрезентација има врвни фудбалери. Фокусот на фудбалска Европа ќе биде насочен кон играчите и нема поголема мотивација од тоа.

Само сакам да им посакам да бидат здрави и подготвени за игра. Верувам во тимот и знам дека ќе се прикажат во најдобро светло. Јас сум еден од нив и со цело срце ќе ги бодрам – вели Ибраими.

Очекувањата станаа поголеми особено после победата над Германија во квалификациите за Светското првенство Катар 2022, еве што вели Ибраими во обидот да се направи нов значаен резултат:

– За да се достигне тоа високо ниво или стандард, треба да сме гладни секогаш за успеси. Ако сме стигнале на Европско, не треба тука да застанеме. Треба да ни биде цел, ајде би рекол реално тоа второ место во групата – додава Ибраими.

Пандев: Со Австријците имаме лошо искуство, но се надевам на добар резултат против нив на ЕП!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот