Ибрахими: Во рацете на Мицкоски е формирањето на ново мнозинство

Пратеникот од Алтернатива, Зекирија Ибрахими/ Фото: ТВ21

По вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство кое ќе биде во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  изјави Зекирија Ибрахими од Алтернатива во гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка, истакна Ибрахими.

Ибрахими додаде и дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје.

Претходно беше запрашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДПА дека „Алтернатива“ се вклучува во Владата на Заев, Зеќирја Ибрахими одговори:

Немам што да коментирам неважни работи, кои се кажуваат во текот на кампањата. Ова не и помага на власта во фаталната загува, што и се случува на овие избори. Коалицијата на „Алтернатива“ со Алијансата со Албанците функционира на најдобар начинн. Немаме ниеден проблем.“ рече тој.