Ибра: Ова не ми треба, имам остров и 300 милиони во банка!

twitter.com/En24News

Швеѓанецот после поразот од Динамо Хјустон пред две години беше крајно незадоволен и дури упати смртни закани кон своите тимски колеги.

Жоао Педро сподели една интересна приказна за својот поранешен соиграч од ЛА Галакси (САД), Златан Ибрахимовиќ.

Неговиот квалитет не беше доволен составот од Лос Анџелес во две сезони да освои титула, што го направи незадоволен Швеѓанецот.

Така, после поразот од Динамо Хјустон во 2018 година, се обрати кон неговите тимски колеги:

– Ни одржа говор после завршувањето на натпреварот. Тој рече дека има 300 милиони во банка, свој остров и други недвижнини и дека ова навистина не му треба. А потоа додаде уште нешто: „Доколку дојдовте на плажа или да прошетате низ Холивуд, само кажете. Првиот што ќе ми рече такво нешто, ќе го убијам – беа зборовите на Жоао Педро.

Во јануари годинава се врати во Милан и со своите 38 години покажа дека и натаму може да блеска на терените.

Го врати доброто расположение кај „росонерите“ со своето искуство и до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот имаше осум натпревари и три голови.

Во кариерата играше за голем број на одлични клубови: Ајакс, ПСЖ, Барселона, Интер, Јувентус, Манчестер јунајтед…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот