twitter.com/goal

Ибра: Доколку вирусот не оди кај Златан, Златан ќе оди кај вирусот! (ВИДЕО)

Шведскиот фудбалски напаѓач и член на миланските „росонери“, Златан Ибрахимовиќ се огласи по повод пандемијата на коронавирусот и најави голема борба.

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона се врати во Италија, поточно во редовите на фудбалскиот клуб Милан. Како и сите луѓе, спортисти, така и Ибра се вклучи во борбата против коронавирусот и организираше хуманитарна акција.

После половина ден собрани се околу 110.000 илјади евра. Сите пари ќе бидат искористени за набавка на маски, ракавици, заштитни костуми, средства за дезинфекција, респиратори, монитори и друга итна потребна опрема…

На www.gofundme.com/f/kick-the-virus-away, сите луѓе со добра волја ќе можат да уплатат средства кои ќе биде прикажани под нивното име и презиме.

– Здраво, јас сум Златан Ибрахимовиќ. Италија секогаш ми даваше многу и во овој драматичен момент сакам да ѝ вратам уште повеќе на оваа земја што ја сакам. Одлучив да ги здружам силите со уште неколку луѓе за да создадам сметка за донации за болниците „Хуманитас” и да ја искористам моќта на мојата комуникација за ширење на пораката. Ова е сериозен проблем и ни треба специфична поддршка која не е само видео.

Заедно, можеме да им помогнеме на лекарите и медицинските сестри кои се жртвуваат себеси секој ден, работејќи да ги спасат нашите животи. Денес навиваме за нив. Ајде да го исфрлиме коронавирусот заедно и да победиме во овој натпревар. И запомнете, доколку вирусот не доаѓа кај Златан, Златан ќео ди кај вирусот – вели Ибрахимовиќ.

Пред три дена исто така се пишуваше за шведскиот интернационалец во врска со оваа зараза, токму поради неговото големо его, има доста шеги за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот