Иако штрајкуваат, холивудските ѕвезди ќе гостуваат на филмскиот фестивал во Венеција

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

И покрај штрајкот на работниците од филмската индустрија во Холивуд, кој трае веќе месец и половина, филмскиот фестивал во Венеција нема да остане без холивудските ѕвезди.

Најстариот филмски фестивал во светот се одржува од 30 август до 9 септември годинава, а потврдено е дека на црвениот тепих ќе прошетаат Адам Драјвер, Џесика Честејн, Кејлеб Ландри Џонс и Мадс Микелсен. Се очекува Адам Драјвер да пристигне на промоцијата на новиот филм на Мајкл Ман „Ferrari“, во кој тој ја игра главната улога, онаа на италијанскиот возач и основач на автомобилската марка Скудерија Ферари, легендарниот Енцо Ферари.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Џесика Честејн ќе дојде за филмот „Memory“ на мексиканскиот режисер Мишел Франко, нејзината прва улога од 2021 година, кога доби Оскар за „The Eyes“ на Тами Феј.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Се очекуваат и Кејли Спени и Џејкоб Елорди, кои ги играат Присила и Елвис Присли во новиот филм „Priscilla“, како и самата Присила Присли.

Сите горенаведени филмови добија привремена дозвола од здружението САГ-АФТРА (SAG-AFTRA) бидејќи не беа продуцирани од членови на АМПТП (AMPTP), против кои моментално штрајкуваат. Венцијанската сцена не беше значително погодена од штрајкот, со само едно откажување на настанот на Армани во кој беше вклучена Кејт Бланшет.

Од режисерската фела, на актерите треба да им се придружат Дејвид Финчер, Софија Копола, Ава ДуВернеј, Мајкл Ман, Јоргос Лантимос и Вуди Ален, како и легендарниот Тони Леунг од Хонг Конг, кому ќе му биде доделена награда за животно дело.

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот