Фото: EPA/Jose Manuel Vidal

Иако обезбеди место во ЛШ, Марселињо ќе го напушти Виљареал на крајот од сезоната

Тренерот на Виљареал, Марселињо, ќе го напушти шпанскиот фудбалски клуб на крајот од оваа натпреварувачка сезона, беше објавено денес.

Вториот мандат на Марселињо како тренер на Виљареал започна во 2023 година, а тимот е трет на табелата во Ла Лига со четири кола до крајот и е на добар пат да го постигне својот најдобар пласман во последните 18 години.

Тимот успеа да обезбеди пласман учество во Лигата на шампионите за следната сезона.

Клубот во своето соопштение не наведе причина за разделбата со Марселињо.

Во својот прв мандат, 60-годишниот шпански тренер го водеше Виљареал од 2013 до 2016 година.

За Виљареал до крајот на сезоната во Ла Лига остануваат уште четири натпревари, на гости против Мајорка и Рајо Вљекано, и дома против Севиља и Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот