Кети Грифин има 65 години, но тоа не ја спречи да има авантура со 42 години помлад маж
Кети Грифин призна дека по разводот од Ренди Бик имала страсна романса со маж кој е 42 години помлад од неа.
Американската комичарка Кети Грифин (65) откри за „The Cut“ дека разводот од Ренди Бик не ја спречил да ужива во страсни средби.
Препорачано
„Случајно се вљубив во 23-годишник“, започна таа. „Поради разликата во години, тој немаше вообичаен сексизам и предрасуди кои мажите на моја возраст обично ги имаат. Навистина ја виде мојата суштина и личност. Знам дека звучи клише, о, Боже, звучи толку жално! Но, се чувствував навистина пријатно со него и многу уживавме во заедничкото дружење“ – изјави таа, пренесува „Пејџ Сикс“.
Иако нагласи дека врската „никогаш не можеше да трае“, Грифин призна:
„Навистина бев вљубена во него“.
Пресудниот момент се случил кога тајниот млад човек ѝ рекол дека „никогаш не сака да има деца, но би можел засекогаш да биде со мене во врска“.
Кети истакна дека оваа не толку долга романса ѝ помогнала да сфати една важна работа:
„Свеста дека моето срце уште така реагира на 66 години е прекрасно“, рече таа и додаде дека морала да ја пушти „таа голубица“ да полета, бидејќи е неискусна и млада.
Комичарката откри и дека активно користи апликации за запознавање. На профилот ги наведува своите вистински години и тврди дека немала ниту еден состанок со маж кој не бил „барем 20 години помлад“.
Иако има 65 години, тоа не ја спречува да има страсна авантура со помлади мажи.
„Што да правам? Не можам да дозволам ова прекрасно тело да пропадне“.


