Фото: angelsfm.mk

И во Штип ќе има камери – ќе ги пазат парковите и клупите од децата на штипјани

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките, парковите во Штип нема да се користат за системот „Безбеден град“ вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој вели дека овие камери, кои ќе се постават на 156 локации во градот треба да го спречат девијантното однесување и уништувањето на парковите, урбаната опрема низ градот од страна на тинејџери-вандали, кое во изминатите недели ги вознемири штипјани. Јорданов вели дека снимките ќе служат и како доказен материјал за Министерството за внатрешни работи и за останатите институции.

– Ќе имаат функција на контролирање и видеонадзор на јавна површина за заштита од девијантно однесување, уништување на урбана опрема и ќе служат како доказен материјал во одредена постапка на СВР Штип. Камерите ќе забележуваат девијантно однесување, оти станува збор за паметен систем, кога има одредена појава, тој ја регистрира и дава информација, рече Јорданов.

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова, вели дека за реализација на овој проект имаат три тендерски постапки, од кои две веќе се завршени и тоа за интернет и за набавка на камерите, а деновиве ќе биде објавена и постапката за изведба на градежни работи.

Хаос на паркинг во Аеродром, вандализирани 34 возила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот