И Тотенхем не може да го запре Јунајтед (ВИДЕО)

twitter.com/UnitedsUpdate

Јунајтед поведе во 21 минута од средбата, Переира убаво го пронајде францускиот интернационалец Марсијал кој го матираше Газанига за водство.

Покетино и Солскјер им дадоа шанса на сите играчи да добијат минутажа и да ја добијат потребната натпреварувачка форма во овие подготовки за новата сезона.

Во 65 минута Тотенхем успеа да израмни, Бразилецот Лукас кој доби шанса во второто полувреме шутираше на работ од шеснаесетникот, се одби топката од еден од играчите на Јунајтед и го измами Ромеро.

Конечниот епилог беше поставен во 80 минута, Мата го убаво соработуваше со Гомес кој од непосредна близина му радост и триумф на својот тим.

„Црвените ѓаволи“ прдолжуваат со успешните контролни мечеви, претходно забележаа победи над Перт Глори (2:0), Лидс (4:0) и Интер (1:0).

Токму тој триумф над „неро-аѕурите“ беше прв во ова натпреварување за играчите на Солскјер, а втор по ред за моментно трето место во генералниот пласман со шест бодови, колку што има и второпласираната Бенфика, а прв е Арсенал со седум бода од три меча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот