И судиите вежбаат во изолација: Аут, прекршок, офсајд..! (ВИДЕО)

фото: твитер

Овој помошник судија, кој доаѓа од Танзанија и воедно со знакот на ФИФА, вежба со цел да остане во потребната форма, додека не се врати повторно на терените.

Освен спортистите, и фудбалските судии наоѓаат начин како да го поминат времето на домашна изолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Френк Комба во текот на фудбалските натпревари ја има задачата да му помага, асистира на главниот судија.

Овој помошник, кој доаѓа од Танзанија и воедно е со знакот на ФИФА, вежба со цел да остане во потребната форма, додека не се врати повторно на терените.

Како и вообиачено, помошниците се движат од лево кон десно, и обратно, внимателно ја следат својата половина од теренот. Воглавно го креваат знаменцето кога има аут, офсајд, но исто така можат да им помогнат на главните судии со одлуки за прекршок.

Иако знаеме дека можат многу лесно и да се најдат во центарот на вниманието доколку евентуално донесат погрешна одлука. Секако веќе се применува и ВАР технологијата која исто така може да им помогне на судиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот