И покрај забраната во Албанија почнаа да впловуваат луксузни јахти

Властите одлучиле да им дозволат да впловуваат и да добиваат одредени услуги, но не им се дозволува на туристите да го напуштат пловилото.

Во Албанија се уште е во сила забраната за поморскиоот сообраќај,но и покрај тоа луксузни јахти почнаа да допловуваат на албанското крајбрежје.

Ним им е дозволено закотвување, добивање одредени услуги, но на туристите не им се дозволува напуштање на пловниот објект.

„Последна од неколкуте е туристичка јахта што доплови во пристанишниот град Драч е јахтата со албанско име „Тануша” и таа е закотвена во централ дел на најголемото албанско пристаниште. Регистрирана е на пристаништето „George Town“, во должина е од 57,5 метри а изградена е 2009 година,пренесува државната агенција АТА.

Од почетокот на мај допловиле осум јахти со различна големина, додека во периодот јануари-април само четири.

Поради пандемијата со ковид-19 албанскиот туризам е една од најпогодени гранки во албанската економија. Како што деновиве изјави првиот човек на Здружението на хотелиери и туризам во Албанија, Зак Топузи загубите во туризмот се проценуваат на над 140 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот