Фото: МИА Архива

И обвинителката Трајчева незадоволна: Изборот беше обесхрабрувачки

Не само Ленче Ристовска и обвинителката Ивана Трајчева е разочарана од вечерашниот избор на јавни обвинители.

– Разочарувачки е што немаше дискусија за никој од нас. Ние не сме се пријавиле за џабе. Заслуживме барем да слушнеме какво мислење имаат за нас. Не знам дали ќе се пријавам во скоро време повторно затоа што ваквиот избор беше обесхрабрувачки, вели Трајчева.

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.

– Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука, изјави Ленче Ристоска.

Доволен број гласови за влез во одделението за гонење на организиран криминал и корупција не доби и Фатиме Фетаи, но таа потоа беше испрана за виш јавен обвинител.

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Колевски рече дека не е извршено политички влијание во изборот на ниту еден обвинител, ниту пак за обвинителката Фатиме Фетаи. Иако во медиумите кружеше информацијата дека токму Фетаи била номинираната обвинителка од СДСМ.

Во меѓувреме обвинителите Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Катерина Коларевиќ, Наташа Поптрајкова се избрани за обвинители во Обвинителството за организиран криминал, односно ќе работат со Вилма Рускоска. Од сите кандидати обвинителите на поранешното СЈО биле меѓу најценетите и речиси сите се вработени во Обвинителството за организиран криминал и Вишото обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот