Анџелина Џоли со ќерката Вивиен / Фото: Profimedia

И најмладата ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит сака да се откаже од презимето на татко ѝ

Вивиен Џоли-Пит, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, поднела барање до Врховниот суд на округот Лос Анџелес за законски да го отстрани презимето „Пит“ и во иднина да се вика Вивиен Маршелин Џоли.

Според судските документи до кои дошол магазинот „Пипл“, како причина за промената на презимето е наведено само дека станува збор за „лични причини“.

Рочиштето по барањето е закажано за 2 ноември.

Ова не е првпат Вивиен јавно да се дистанцира од презимето на својот татко. Уште во мај 2024 година, во програмата за бродвејската претстава „Аутсајдери“, на која работеше како асистент-продуцент заедно со својата мајка, беше потпишана како Вивиен Џоли.

Насловната страница на магазинот „Пипл“ во август 2008 година, на која се најдоа Анџелина Џоли и Бред Пит, со близнаците Нокс и Вивиен / Фото: Profimedia

Таа не е единственото дете на поранешната двојка што побарало промена на презимето. Нејзината сестра Захара побарала законски да се преименува во Захара Марли Џоли, додека братот Медокс сака да го носи името Медокс Чиван Џоли. Во 2024 година и Шајло успешно го отстрани презимето „Пит“ од своето име, откако судот го одобри нејзиното барање.

Според претходно објавени судски документи, постапките за Захара и Медокс сè уште се во тек.

Вивиен и нејзиниот брат близнак Нокс се најмладите од шесте деца на Анџелина Џоли и Бред Пит.

Промените на презимињата следуваат по долгогодишните извештаи за нарушените односи меѓу дел од децата и Бред Пит по разводот на актерската двојка во 2016 година. Разводот беше правосилно завршен кон крајот на 2024 година, по повеќегодишна судска постапка, но Џоли и Пит сè уште водат правен спор околу француската винарија „Шато Миравал“, која некогаш беше во нивна заедничка сопственост.

Бред Пит ги поминува празниците со девојката: „Децата се оддалечија од него и го променија презимето“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот