И Миркуловски денеска става крај на големата играчката кариера

Филип Миркуловски/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски денеска ќе го одигра последниот натпревар во богатата кариера и ќе ги следи стапките на долгогодишниот соиграч во националниот тим, Кирил Лазаров, кој вчера ја заврши кариерата.

Миркуловски и неговиот Вецлар во моментиве играат против Минден во последното коло од Бундеслигата.

Миркуловски кариерата ја започна во екипата на Македонија по што се сели во Металург каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата. Цели 12 години настапуваше за тимот од Автокоманда со кого два пати играше и во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Потоа во 2015 година, една полусезона помина во Хановер по што се пресели во Вецлар каде и ја завршува блескавата кариера.

Следен предизвик за Миркуловски ќе биде тренерската кариера, тој веќе е дел од стручниот штаб на селекторот Кирил Лазаров во македонската репрезентација, а ќе биде и асистент тренер во Вецлар.

Ќе остане запомнет како еден од најголеми борци на теренот, кој на секој натпревар даваше „110 отсто“ и е има огромен удел во успесите на македонската репрезентација. Иако претходно стави крај на репрезентативната кариера, Миркуловски минатата година одлучи повторно да го облече „црвено-жолтиот“ дрес и да им помогне на помладите ракометари да обезбедат пласман на СП во Полска и Шведска, а играше и на ЕП во Унгарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот