Вјоса Османи, претседателка на Косово/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

И Косово доби покана од Трамп за учество во Советот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е „длабоко почестена“ од личната покана на американскиот претседател Доналд Трамп да го претставува Косово како член-основач на Советот за мир, пренесува Еуроњуз на албански јазик.

„Длабоко сум почестена од личната покана на претседателот @realdonaldtrump да ја претставувам Република Косово како член-основач на Одборот за мир, рамо до рамо со Соединетите Американски Држави во потрагата по побезбеден свет. Вистинското лидерство не зборува само за мир, туку го остварува. Токму тоа го прави Трамп преку оваа историска иницијатива. Америка помогна да се донесе мир во Косово. Денес, Косово стои цврсто како сојузник на Америка, подготвено да помогне во унапредувањето на тој мир. Историјата ги памети оние кои преземаат смели чекори за градење мир, а ние сме подготвени“, напиша Османи на својот профил на „Икс“.

Ова е важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Косово и САД и во промовирањето на мирот и стабилноста во регионот, оцени таа.

Пред три дена ваква идентична покана доби и премиерот на Албанија Еди Рама, кој му се заблагодари на Трамп и изрази подготвеност за придонес на Албанија во Советот на мир на американскиот претседател за кој според планираниот формат и ингеренциите, треба да биде пандан на Обединетите нации кои претседателот ги нарече нефункционални во обезбедувањето на мир во светот.

Премиерот Еди Рама објави дека поканата на претседателот Доналд Трамп за учество во „Советот за мир“ за Газа ќе биде доставена до албанскиот парламент за одобрување.

Премиерот ја опиша иницијативата на американскиот претседател како трансформативен модел на градење мир на глобално ниво.

Трамп формира тим за обнова на Газа по војната, Милеј и Карни поканети да се приклучат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот